Градоначалникот на Штип добил смртни закани од вработен во општината

by Fokus

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов добил смртни закани од вработен во Општината.

Инцидентот, како што рече, се случил вчера, а сторителот и е познат на полицијата.

Јорданов денеска потврди дека инцидентот го пријавил во полиција.

„Не би сакал да навлегувам во деталите, за да не влијаам во постапката. Верувам во институциите на системот, сето она што е пријавено СВР-Штип го има веќе како детали. Станува збор за вработено лице во Општина Штип, кое во минатото е познато на полицијата по вакви случки. Така што оставам на институциите на системот да ја утврдат состојбата“ вели Јорданов.

На штипската јавност вработениот во администрација, кој според Јорданов му се заканувал, е познат по тоа што пред неколку години исто така се има заканувано на еден од претходните градоначалници на Општина Штип.

Во текот на денот се очекуваат детали за инцидентот од СВР-Штип.

Поврзани новости