Три платформи кои се поставени во заштитеното подрачје на Матка се дивоградби а градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, најавува дека ќе се обиде да најде правно решение за трите во пакет, објави телевизија Телма.
Иако прецизно не кажа, меѓу редови најави дека како последна ја остава можноста да се руши било која од поставените три платформи. Вели дека платформите се таму со години и дека станува збор за реновирање и реставрирање, а не изградба како што објавија медиумите.
На градоначалникот Шилегов му порача дека избрзал со изјавите и дека треба да се фокусира на проблемите за кои е надлежен а кои се на територијата на Општина Сарај.
-Избрзана му е изјавата, не држи. Петре треба да ги види другите надлежности кои ги има, а не да се занимава со надлежностите на Општина Сарај, изјави Беџети.