556
Ресенскиот градоначалник Живко Гошаревски ги повика младите од сите политички партии, учесници на парламентарните избори, заедно организирано да ги отстранат сите рекламни политички материјали, постери и флаери низ општината.
Со цел чиста и средена околина, тој упати повик и побара да се покаже совесност и одговорност во Ресен и Преспа. Неговиот повик наиде на поддршка од граѓаните. Редовно, по изборите, во многу градови со месеци остануваат излепените политички плакати, постерите и расфрланите флаери на јавни површини.
Изминатиот период, пред влезовите на многу згради можеше да се забележи истакната објава дека станарите забрануваат оставање на политички и останати рекламни материјали во нивните влезови.
Вики Клинчарова