Градоначалникот на Пласница доби уште еден државен тендер

by fokus

По милионскиот тендер кој пред неколку дена го доби компанијата на градоначалникот на Пласница од ДУИ Исмаил Јаовски, „Пуцко Петрол“, од ЈСП, денеска компанијата доби уште еден државен тендер и тоа од Министерството за првада.

Склучениот договор, вреден околу 35.000 евра, денеска беше објавен на сајтот на Бирото за јавни набавки.

-Набавка на гориво за возила на бензиски станици со безготовинско плаќање, за службените моторни возила на Министерство за правда за период од една година, пишува во склучениот договор, кој е со важност од една година.

Тендерот кој пак „Пуцко петрол“ го склучи со ЈСП тежи 15,3 милиони евра.

Поврзани новости