811
Го снема половина град, како да е Хирошима, вели градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ, во изјава за Н1 по катастрофалниот земјотрес што ја погоди Хрватска, во кој загинаа најмалку седум лица.
-Мојот град е целосно уништен. Имаме мртви деца. Не може да се опише. Ова е како Хирошима. Ни требаат пожарникари, не знаеме што има под урнатините. Искрено сочувствувам со сите семејства кои ја преживеаја трагедијата. Градот Петриња преживува пекол по овој земјотрес, што не можевме да го видиме во ниту еден филм – вели Думбовиќ.
Тој рече дека за жртвите и повредените во земјотресот сè уште нема конечна бројка.