Градоначалникот на Параќин прашува чие сценарио спроведува Србија во Македонија

by fokus

Градоначалникот на општина Параќин, Саша Пауновиќ на својот твитер профил праша чие сценарио спроведува Србија на протестите во Македонија.

-Ако по таблоидите ЦИА агенти следат протести во Белград да го спроведат Соросовото сценаро, чие сценарио спроведуваат нашите на македонските протести, напиша Пауновиќ.

Ова следува откако вчера телевизија Телма објави дека Горан Живаљевиќ поранешен заменик директор на БИА, а сега нејзин активен офицер кој во Амбасадата во Скопје тера трет мандат како советник, влегол во Собранието на крвавиот четрвток после 20 часот, заедно со група луѓе од толпата и се упатил во пленарната сала каде биле пратеници од ВМРО ДПМНЕ.

Поврзани новости