722
Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс во петок ќе ја добие првата плата од своето работно место, и тоа не во долари, туку во криптовалутите Биткоин и Етериум.
На тој начин уште Адамс уште еднаш ја покажа личната поддршка и желба да го направи Њујорк центар за криптовалути.
-Њујорк е центарот на светот и сакаме овој град да биде центар на криптовалути и други финансиски иновации, рече Адамс.
Откако неодамна беше избран за градоначалник, Адамс препорача криптовалутите и блокчејн технологијата да се учат во училиштата.
Во САД се води жестока битка помеѓу Њујорк и Мајами за статусот крипто престолнина.