Градоначалникот на Ново Село оставката си ја напишал своерачно

by fokus

Градоначалникот на општина Ново Село, Боро Стојчев денеска во писмена изјава, напишана своерачно, до Советот на општина Ново Село поднесе неотповиклива оставка од функцијата, поради морални причини.

СДСМ, матичната партија на градоначалникот Стојчев, побара од него да си поднесе оставка од функцијата прв човек на општината.

– Започната е постапка за бришење за исклучување од партијата, бришење од евиденција односно отчленување од СДСМ…Го повикуваме Боро Стојчев да си даде неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на општина Ново Село. За нас, законите се закони и треба да бидат почитувани и од членството и од функционерите од било која политичка партија, изјави пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Поврзани новости