Градоначалникот на Монако и уште 4 лица обвинети за корупција

by Фокус

Градоначалникот на Монако, Жорж Марсан, е обвинет заедно со уште четири лица за корупција. Марсан бил сослушан кај истражен судија и е под судски надзор.

На почетокот на годината, Советот на Европа го повика Монако да ја подобри ефикасноста на надзорот на истрагите и кривичното гонење во контекст на перење пари и конфискација на приносите од криминал.

Монако, кој веќе е под притисок на Европската унија поради претходните скандали со перење пари, одговори дека „најдобро ќе ги почитува меѓународните стандарди“.

Поврзани новости