Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, со емотивна објава на социјалните мрежи и се заблагодари на сопругата Мартина, за безрезервната љубов и поддршка.
Тие вчера прославиле 13 години брак, во кој го имаат синот Ведран, а Ѓорѓиевски порача дека е среќен човек што ја има Мартина во својот живот.
-Пред 13 години на овој ден, започна нашата приказна, чиј најголем и највозвишен плод е нашиот син Ведран.
13 години безрезервна поддршка, ветер во грб и мотив.
13 години безрезервна љубов и разбирање.
Ти благодарам!
Јас сум среќен човек – објави градоначалникот.
За време на предизборната кампања, пред две години, тој откри дека сопругата била активно вклучена во истата, преку креирање на концепти и идеи, и придонесувала многу заедно со неговиот тим.
Кажа дека токму најпрепознатливите идеи доаѓале од неа, и покрај тоа што посветено се грижела за домот и синот и наоѓала време за се.
-Знаете како рекол Платон, љубовта е радост за добрите, чудо за мудрите и восхит на боговите. Од мојата сопруга добивам голема енергија, топлина, радост, добрина, мудрост дури и чуда кога нешто го сметаме за невозможно, а се остварува. Мартина е сопруга, мој животен сопатник и мојата најголема поддршка во животот-раскажуваше тој пред две години.
Вики Клинчарова