Градоначалникот на општина Гњилане од Република Косово, Лутфи Хазири, преку видео порака го поддржа независниот кандидат за градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, кој на локалните избори настапува под граѓанската иницијатива „За Наше Куманово“.
„Куманово и Гњилане се добар пример за соживот и вербата дека заеднички можеме подобро да живееме. Граѓаните во овие две општини меѓусебно се почитуваат без разлика на политичка и етничка припадност. Поради оваа вредност која ја негуваме повеќе од две децении, со вашиот градоначалник Димитриевски решивме Куманово и Гњилане да ги збратимиме за да ја зајакнеме и дополнително да ја развиеме соработката. Кумановци, имате вреден и чесен градоначалник, кој се труди да направи сè за да се развие вашата општина. Имате градоначалник со кој треба да се гордеете. Знам дека на 17-ти октомври имате локални избори и би сакал да потенцирам дека доколку ја би живеел во Куманово, тогаш без двоумење, својот глас би го дал за Максим Димитриевски“, истакна Хазири.