Градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, пристигна во Апелацискиот суд

by Fokus

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, пристигна во Апелацискиот суд каде што ќе биде разгледана неговата жалба на решението на Кривичниот суд за одземање на неговиот пасош.

Трајковски е обвинет во случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство за уривање на градбата „Космос“ на Фиат Цановски.

Пред судиите на Апелациониот суд се очекува да се појават осомничените во случаите „Тендери“, „Топлик“ „ТНТ“, а утре ќе се расправа за случајот „Титаник“ во кој е осомничено потесното раководство на „Титаник“, меѓу кои и лидерот на партијата, Никола Груевски.

 

Поврзани новости