130
Градоначалникот на Дубровник Мато Франковиќ денеска објави закана што ја добил во форма на писмо. Наведено е дека писмото го испратиле хрватските бранители „Тигри“ и 4-та бригада на Хрватска.
Меѓу другото, во писмото се вели: „Во 1991 година го браневме Дубровник од четници и Срби, а ти денес ги каниш на Страдун српските пејачи како Здравко Чолиќ и други…“
Последно предупредувње – ќе поставиме динамит по цел Страдун, а тебе ќе те обесиме на јарбол“, се вели во писмото.
Градоначалникот на Дубровник на Фејсбук напишал: „Честитка за добро утро од бранителите кои немаа храброст да се потпишат“.
Чолиќ за новогодишните празници настапувал во Дубровник, пишува dnevnik.hr.