Градоначалникот на Дебарца и пркоси на Владата со краток одговор до Макрадули

by fokus

Градоначалникот на Дебарца, Зоран Ногачески, се противи на одлуката на Владата под своја надлежност да го стави управувањето на отпадот. Тој кратко и јасно му одговори на заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули.

Макрадули претходно испрати апел до сите единици на локалната самоуправа, да ја пренесат на Владата надлежност за менаџирање на отпадот и основање на регионални депонии со потребна инфраструктура.

„Станува збор за скап процес, за кој општините немаат доволно средства за целосна имплементација.
Заеднички да изградиме нов концепт на менаџирање на отпадот, со цел затворање на постоечките диви депонии, за да ставиме крај на грдите слики од запалени депонии и да создадеме нови зелени работни места“, порача Макрадули.

Ногачески, кој е избран за градоначалник како кандидат на СДСМ, на тоа одговори дека е затворено прашање.

„Уште еднаш да му одговорам на заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули.
Советот на општина Дебрца едногласно одлучи да не ги пренесе надлежностите за управување со отпад на Владата на РМ.
И нема потреба повеќе да не повикувате за ова прашање.
Тоа за општина Дебрца е затворено прашање.
Аргументите за тоа Ви се многу добро познати и Вам и на Вашето Министерство“, одговори тој.

Уште еднаш да му одговорам на заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули.Советот на…

Publiée par Zoran Nogaceski sur Dimanche 3 juin 2018

 

Поврзани новости