521
- Велимир Смилевски, градоначалникот на општина Бутел, се реши да објави слика од непрописно паркирано возило во близина на трговскиот центар во населбата Бутел на популарната Фејсбук група „Ѕид на сообраќајниот срам“ и на овој начин да ги предупреди своите сограѓани дека треба да ги почитуваат сообраќајните прописи и јавниот простор.
Смилевски напиша „Некои навики не можат лесно да се одвикнат“, од непрописно паркирање во својата општина, па можеби ваквата опомена ќе придонесе за поголема свест.