400
Градоначалникот на Благоевград Илко Стојанов дозволи отворање на клубот „Никола Вапцаров“.
Откако првично забранија, сега локалните власти во Благоевград се премислија и дозволија да се отвори македонскиот културен клуб, што треба да се случи на 30 октомври.
На свеченоста, според соопштението, поканети се и првите луѓе на македонската и на бугарска влада.
Клубот е основан од иницијативен комитет, во чиј состав е и Здружението за заштита на основните индивидуални човекови права.
Тој ќе има цел да ја развива македонската традиционална и модерна култура, да гради културен мост меѓу Македонија и Бугарија и да ги зајакне врските меѓу Македонците и Бугарите ширум светот, велат организаторите на настанот.