Градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, упати јавна покана до граѓаните, да дојат во струмичкиот градски парк, утре во 20.30 часот, со цел да ја прослават победата на нивната сограѓанка Славица Ангелова на музичкото талент шоу ,,Ѕвездите на Гранд”.
Како што истакнува, Струмица е место од кое извираат таленти, а победата на секој струмичанец значела победа на градот.
Покрај Славица, на настанот ќе бил присутен и нејзиниот ментор во шоуто, музичарот Ѓорѓе Давид, и Костадинов порача сите заедно да го прослават успехот.
Младата пејачка минатата недела победи на популарното балканско талент шоу и освои автомобил и снимање на песна и видео запис.
Пред учеството во шоуто, таа има настапувано на ,,Макфест” во Штип, а беше дел и од други регионални музички натпревари во минатото.
Вики Клинчарова