Градоначалникот Ѓорѓиевски: Утрово е спроведена 14-тата дезинсекција против комарци за оваа сезона

by valentina 11:55
11:55

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека утрово е спроведена 14-тата дезинсекција против комарци за оваа сезона.

-Утрово, на подрачјето на градот Скопје, беше спроведен уште еден авионски третман против комарци, вкупно 14-та дезинсекција во текот на оваа сезона, напиша градоначалникот на Фејсбук.

Тој вели дека со засилено темпо продолжуват и во наредните денови.

-Активностите продолжуваат и утре во раните утрински часови со нов авионски третман, а издадов налози во периодот од 23 до 26 август да се спроведе и терестична дезинсекција на подрачјето на градот.

Сите активности се реализираат плански и системски, согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје, а одобрен од надлежните здравствени власти и европската регулатива, вели Ѓорѓиевски.

Тој додава дека во изминатиот период континуирано се спроведуваа третмани и против ларвите и комарците.

-Дезинсекција против ларви:
– 7 мај – авионска
– 11 јуни – авионска
– 26 јуни – теренска
– 10 јули – авионска
– 23 јули – теренска
– 11 август – теренска
– 18 август – теренска

Дезинсекција против комарци:
– 1 и 2 јуни – авионска
– 18 и 20 јуни – теренска
– 27 и 28 јуни – авионска
– 13 и 15 јули – теренска
– 30 и 31 јули – авионска
– 4 и 6 август – теренска
– 20 август – авионска

До крајот на сезоната ќе бидат реализирани повеќе од 20 третмани против комарци.

Овие бројки најдобро покажуваат дека дезинсекцијата е континуиран процес кој го спроведуваме навремено, организирано и согласно однапред утврдена динамика.

Затоа продолжуваме одговорно, системски и со засилено темпо да ги преземаме сите неопходни мерки за заштита на јавното здравје и поквалитетно секојдневие за скопјани, вели градоначалникот.

Слични вести