ФИКСНИ 3,5%, БЕЗ УЧЕСТВО, ЗА СИТЕ БИЗНИСИ: ПроКредит Банка со поволни услови за зелени инвестиции

by valentina 11:45
11:45

Инвестициите во енергетска ефикасност, современа опрема и решенија со помало влијание врз животната средина сè повеќе стануваат дел од редовното деловно планирање на компаниите. Тие отвораат можности за поодржливо работење, заштеди и долгорочен развој. За бизнисите кои се подготвени да инвестираат во оваа насока, ПроКредит Банка нуди можност за финансирање со фиксна каматна стапка од 3,5% за целиот период на отплата и без сопствено учество.

ПроКредит Банка останува отворена за нови можности и зелени инвестициски идеи на бизнисите, со цел да ги поддржи во инвестиции кои истовремено придонесуваат за нивниот развој и за поодржливо работење.

Со понудата на ПроКредит Банка, бизнисите ги добиваат следните придобивки:

• Фиксна каматна стапка од 3,5% за целиот период на отплата, до 60 месеци, што овозможува однапред познат трошок за финансирање и полесно планирање на паричните текови;

• Финансирање без сопствено учество, со што се намалува почетниот финансиски товар;

• Можност сопствените средства да останат достапни за тековното работење и за други деловни потреби.

Можностите за зелена инвестиција се различни и зависат од потребите на секој бизнис. Според анализите за повеќе типови инвестиции, електричните виљушкари може да имаат период на поврат од 2 до 3 години, електричните возила од 3 до 5 години, а фотоволтаичните централи со батериски системи од 4 до 6 години. Дополнителното инвестирање на компаниите и во изолација, LED-осветлување, топлински пумпи, системи за вентилација и ладење можат да придонесат за значително намалување на потрошувачката на енергија и оперативните трошоци.

Преку понудата на ПроКредит Банка, пред бизнисите се отвораат можности за инвестиции во електрична мобилност, поефикасна опрема и современи енергетски решенија, во согласност со нивната дејност и реалните потреби.

Меѓу достапните решенија кои носат низа предности за бизнисите се електрични комерцијални VAN возила од Аутомакедонија, електрични виљушкари од Термалифт, како и електрични и електрифицирани возила Chery од Гранд Ауто, MG од МГ Мотор Македонија, Geely и Lynk & Co од Делфино или пак Dongfeng преку ABC Brother. За компаниите кои сакаат поефикасно да управуваат со сопствената енергија, достапни се и батериски системи за складирање енергија од Battery Evolution и Маркетпромет електрик.

На овој начин, поволното финансирање добива конкретна примена – од електрични возила и виљушкари до системи за складирање енергија, со потенцијал за поголема енергетска ефикасност, пониска потрошувачка и намалени емисии на CO₂.

Како развојно ориентирана банка посветена на одржливиот развој, ПроКредит Банка е тука да ги поддржи бизнисите зелената транзиција да ја преточат во конкретна и економски оправдана инвестиција, овозможувајќи им пристап до решенија кои можат да придонесат за поголема конкурентност, оптимизација на трошоците и помало влијание врз животната средина.

Затоа, не пропуштајте да ја искористите оваа понуда од ПроКредит Банка за зелени инвестиции за бизнисите со важност до 30 септември 2026 година.

 

Слични вести