951
Бараме од Владата на Република Северна Македонија да донесе препорака (одлука) за воведување карантин на територијата на Општина Куманово, со поставување на контролни пунктови од страна на МВР на секој влез и излез во градот. Овие заклучоци се донесени на На осмиот состанок на Кризниот штаб на Куманово на чело со градоначалникот Максим Димитриевски.
Општинскиот кризен штаб бара од Владата да обезбеди и поголем број на тестови за вирусот COVID 19 и да отвори повеќе пунктови за тестирање на лица. Се бара и зголемување на полицискиот час во Куманово, во времетраење од 18.00 до 06.00 часот.