Градоначалник во Сицилија поднесе оставка, се вакцинирал преку ред

by Fokus

Градоначалникот на сицилијанскиот град Корлеоне, Николо Николози изјави дека поднесува оставка затоа што ја примил вакцината против коронавирус преку ред, пренесе италијанската агенција АНСА.

– Не спиев претходната ноќ размислувајќи за таа одлука и заклучив дека е правилно да поднесам оставка, рече Николози (78).

Медиумите објавија дека полицијата го истражува случајот.

Италија започна со вакцинација кон крајот на декември, а приоритет имаа медицинските работници и луѓето постари од 80 години.

Сепак, Николози во тоа време рече дека локалните политичари како него мора веднаш да бидат заштитени од вирусот, како и медицинските работници.

Покрај Николози, вакцинирани се и градски советници.

Поврзани новости