539
Советничката од редовите на СДСМ, Љубица Јанчева на денешната вонредна седница на Град Скопје за несобирањето на ѓубрето истакна дека е неодговорно однесувањето на градоначалничката Арсовска, која не се појави денес.
Таа ја осуди постапката на градоначалниците кои го истурија ѓубрето на јавна површина, но уште повеќе директорот на ЈП „Дрисла“ кој, како што рече, ги послушал наредбите на градоначалничката и не дозволил сметот што со камиони го донесоа градоначалниците да се депонира во депонијата.
„Градоначалничке Арсовска, заминете си, дајте си оставка, ослободете го градот додека не сме доживеале уште поголема еколошка катастрофа“, истакна Јанчева.