Градоначалничката Арсовска сепак се појави на советнички прашања

by fokus

Градоначалничката Данела Арсовска се појави на денешната седница за советнички прашања на Град Скопје, откако претседавачот Трајко Славески даде пауза од 15 минути за да се причека градоначалничката која доцнеше.

-Со писмо сме известени дека градоначалничката и секретарот на Советот на Град Скопје го прифаќаат денешниот термин за советнички прашања, па затоа да дадеме пауза од 15 минути, истакна претседавачот Славески.

Набрзо по дадената пауза се појави и Арсовска. Се очекува стартот на седницата.

Иако новинарите инсистираа на изјава од градоначалничката за тендерот во Водовод, пред почетокот на седницата, сепак Арсовска истакна дека ќе даде изјава но по завршување на советничките прашања.

В.В.

Поврзани новости