Градинките треба да почнат со работа на средината на јуни

by Фокус

Терминот во кој што може сигурно да се очекува отворање на градинките е 15 јуни, бидејќи до тогаш ќе биде завршен скринингот на вработените, најави министерот за здравство Венко Филипче.

-Скринигот на градинките се очекува да заврши до 15 јуни, а веднаш потоа ќе се тестираат и здравствените работници, полицијата, армијата. Планот за почнување на работата на кино салите, театрите, теретаните ќе биде објавен во следните два дена, и исто како угостителските објекти, и тие ќе работат во неколку фази – рече Филипче во Топ Тема.

Тој додаде дека по скринингот на градинките, ќе следат и медицинските лица, полицијата, армијата.

-За летните месеци планираме и еден одреден скрининг на таргет групи за антитела да видиме каква е состојбата со граѓаните, населението, во однос на имунитетот иако податоците од околните земји и некои други европски земји велат дека е навистина рано да се очекува стекнат имунитет. Многу е мал процентот на граѓани кои имаат антитела, дел од нив ја прележале болеста, дел несвесно ја прележале болеста или имале некои симптоми на кои воопшто не им ни обрнале внимание, но тоа е нешто што го планираме бидејќи мора да знаеме каква е ситуацијата во однос на имунитетот – рече Филипче.

Поврзани новости