Градинките ќе почнат со двосменско работење од први септември, соопшти денеска министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.
Првите смени ќе бидат од 07:00 до 14:30 часот, а вторите од 14:00 до 21:30 часот. Децата во предшколска возраст ќе можат да се згрижуваат во градинки и секоја прва сабота во месецот од 08:00 до 16:00 часот.
-Целта на двосменското работење е децата и родителите да ја добијат потребната грижа од јавните установи. Одлуката е да се организира двосменско работење во градинките и ако има само едно дете кое треба да се згрижи. Во тек е и постапка за отворање на нови работни места за да се пополни потребата која ќе ја наложи двосменското работење – најави министерката.
Таа додаде дека се подготвуваат нови инвестиции во градинките, особено во руралните средини.