Градинка во Гази Баба работела незаконски, градоначалникот утре ќе објави детали

by Fokus

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, најави дека утре ќе обелодени детали за незаконско работење на една градинка во Гази Баба. Тој објави на фејсбук дека името на градинката и деталите за незаконското работење ќе ги соопшти утре на прес конференција.

„Пред јавноста и граѓаните ќе презентирам кршење на повеќе Закони во работењето на едната детска градинка во нашата општина, кое е утврдено со Извештај од надворешна независна ревизорска куќа. Градинките служат за згрижување на нашите деца! Нема да дозволам градинките да бидат извор на незаконско работење!, објави на социјалната мрежа на Фејбук градоначалникот на општина Гази Баба.

Поврзани новости