Усвојување на Закон за синдикално организирање на градежните работници, a платите да бидат согласно со условите во кои работат компаниите – ова се дел од барањата кои ги презентираше Атанас Трајковски од Независниот синдикат за градежни работници, инженери и трговци во градежништвото.
-Синдикалната организација излезе и со друг предлог, а тоа е да се донесе закон за синдикалното организирање. Синдикалното организирање во претпријатијата во фирмите каде што има повеќе од 5 или 10 вработени мора да се регулира со закон – вели Трајковски.
Според него, претходната Влада ги игнорирала нивните барања минималната саатнина која треба да биде 3 и пол евра, а, додава тој, од министерката Мила Царовска на 16 добиле ветување дека нивното барање ќе биде приоритет на министерството и ќе биде регулирано со законот за работни односи.