665
Градежна инспекторка од Куманово доби кривична пријава за пропуст во работењето, соопшти МВР.
„Пријавената, работејќи како службено лице – овластен градежен инспектор во Секторот за инспекциски надзор – Инспекторат при општина Куманово, при вршење на инспекциски надзор по пријава за узурпација на државен имот, пропуштила да донесе должен правен акт и несовесно постапила во вршењето на своите должности и овластувања“ се вели во полициското соопштение.