Градежна експанзија: Издадени се 352 одобренија за само еден месец

by Фокус

Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2023 година се издадени 352 одобренија за градење, што е за 40.8 отсто повеќе во однос на истиот месец лани.

Предвидената вредност на објектите за кои се издадени одобренија изнесува 9.897.768 илјади денари, што е за 258.1  отсто повеќе во однос на февруари минатата година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 199 (56.5 отсто) се наменети за објекти од високоградба, 108 (30.7 отсто) за објекти од нискоградба и 45 (12.8 отсто) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 352 објекти, на 170 (48.3 отсто) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 182 (51.7 отсто) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1.294 станови, со вкупна корисна површина од 97.659 квадрати.

Поврзани новости