Градежен работник си го прегазил колегата додека работеле на автопатот Штип-Миладиновци

by Fokus

Пеесет и четиригодишен кумановец вчера го прегазил својот колега додека извршувал градежни работи на автопатот Штип-Миладиновци, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 11.50 часот на автопатот во изградба Штип – Миладиновци – Скопје, на 7,5 км од клучката Штип, при изведување градежни работи, Д.М.(54) од Куманово, управувајќи работна машина „Грејдер“, при враќање наназад, го прегазил Т.Ф. (58) од с.Ранковце, Крива Паланка. Од здобиените повреди (фрактура на череп), Т.Ф. починал на самото место.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител, трудов инспектир и екипа од СВР Штип. По наредба на Јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Поврзани новости