436
Додека изведувал градежни работи во куќата сопственост на Р.А.(50) во село Долна Бањица, 19-годишниот А.Ц. од истото село вчера околу 8 часот паднал од ѕид на висина од 2,75 метри и се повредил, соопшти полицијата.
Потоа, тој бил пренесен во Медицински центар Гостивар, од каде, по укажаната лекарска помош бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.