Градежен работник паднал од скеле и починал

by fokus

Во текот на вчерашниот ден, 58-годишен жител на Црнобуки, битолско, паднал од скеле при изведување на градежни работи. Тој веднаш бил пренесен во Клиничката болница во Битола, а во 19.30 часот починал.

„На 27.02.2019 околу 11.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на Градскиот стадион во Битола, при изведување градежни работи на објект во изградба, Д.Д.(58) од село Црнобуки, битолско, паднал од скеле на бетонска подлога. Од екипа на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Битола каде му биле констатирани тешки телесни повреди,  а во 19.30 часот починал. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола во присуство на трудов инспектор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости