Градежен работник од Скопје тешко повреден

by fokus

Жител на Јурумлери вчера бил донесен со тешки телеснки повреди, откако се повредил додека извршувал работни задачи.

„На 20.02.2020 околу 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди бил донесен З.П.(50) од скопското село Јурумлери, вработен во градежна фирма од Скопје, кој според пријавеното се повредил околу 13.00 часот додека извршувал работни задачи на објект во градба на ул.„Радишанска“ во Скопје“, велат од МВР.

Поврзани новости