509
Две лица вчера утрото нападнале градежен иснпектор на улица „Серава“, кој вршел контрола на објект, пренесуваат од МВР.
„На 08.05.2019 година околу 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Серава“ две непознати лица со разни предмети му нанеле повреди на Џ.И.(47) од Скопје – вработен како градежен инспектор во општина Чаир. Според пријавеното, Џ.И. вршел контрола на објект во изградба за кој немало соодветна документација за градба, при што бил нападнат од двете лица. На Џ.И. му била укажана помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, велат од МВР.