Град Скопје: Време е Славески да го научи деловникот за работа и да преземе одговорност

by Fokus

Трајко Славевски или лаже, или навистина не го знае деловникот за работа на Советот кој го води, реагираат од Град Скопје, откако претседателот на Советот одговори на барањата на приватните превозници и кажа дека разговори може да бидат иницирани само од градоначалничката Данела Арсовска.

„Имено, поврзано со барањата за измени на условите за приватните превозници вклучително и цената за овој превоз ги утврдува Советот на град Скопје, оттука јасно е дека барањето на приватните превозници е упатено на вистинска адреса до претседателот на Советот на град Скопје и до советниците.

До овој момент, Градоначалникот има доставено свое мислење во врска со барањето на приватните превозници а свое мислење има доставено и Управниот одбор на ЈСП до претседателот на Советот, Трајко Славевски.

Време е Трајко Славевски да го научи Деловникот и да превземе одговорност за блокирањето на работата на Град Скопје“ се вели во реакцијата.

Поврзани новости