Градот Скопје извести дека во середа ќе ја реализира четвртата фаза од дезинсекцијата. Од Градот велат дека авионското и земјеното прскање ќе се изведе на подрачјето на Скопје против лаври од комарци.
„ Авионската дезинсекција во четврта фаза на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира во среда, во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира во среда, во текот на денот“соопшти Град Скопје.
Од Градот велат дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, против комарци ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.
„Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, соопшти Град Скопје.