Град Скопје во првото полугодие собрал 34 милиони евра или 27 отсто од планираните приходи за годинава

by Фокус

Советот на Град Скопје на својата наредна седница во среда ќе расправа за извештајот за извршување на буџетот на Град Скопје за годинава за периодот од 1 јануари до 30 јуни. Од Град Скопје соопштија дека во првото полугодие од годинава вкупните приходи и други приливи се остварени во износ од 2.106.982.589 денари (34.2 милиони евра), што претставува остварување од 27 отсто во однос на планираното за годинава.

Споредено со истиот период од 2019 година, остварените приходите во првиот квартал од годинава бележат намалување од 8,4 отсто. Вкупните расходи и други одливи во буџетот на Град Скопје за првото полугодие од годинава, се извршени во износ од 2.474.614.811 денари, што претставува извршување од 31,8 отсто во однос на планираните расходи и одливи за годинава.

Во остварувањето на приходите на Буџетот на Град Скопје во првото полугодие од годинава, како последица од новонастанатата состојба со коронавирусот, како што посочија, има помал прилив на финансии средства во однос на минатите години. За подмирување на реализираните расходи во периодот, Град Скопје искористи дел од пренесениот вишок на приходи од минататa година во износ од 560.814.638 денари.

Поврзани новости