Град Скопје: Три години, скопјани се жртви на секташкиот партиски менталитет на ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Од Градот Скопје реагираат на обвинувањата од страна на власта за хаосот со јавниот превоз. Од таму велат дека било жално што причинителите на голготата на граѓаните на градот Скопје со јавниот превоз, зборуваат за тоа како на нив им било жал за граѓаните.

„Три години советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да одобрат набавка на 250 нови автобуси. Три години советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да гласаат за спроведување на проектот БРТ со кој Скопје ќе добие 50 нови автобуси, бесплатно.

Три години, советниците на ВМРО-ДПМНЕ ги блокираат буџетите и програмите за работа на ЈСП.

ВМРО-ДПМНЕ и владата предводена од Христијан Мицкоски одби да набави нови автобуси, иако предложивме средствата за набавка на нови автобуси да ги префрли градот Скопје на Владата, а тие да ги набават автобусите.

Три години, скопјани се жртви на секташкиот партиски менталитет на ВМРО-ДПМНЕ и нивните наводни душегрижници. Луѓе одвоени од реалноста, манипулатори и лажговци“ се наведува во реакцијата на Град Скопје.

Поврзани новости