505
Саит Саити денес е разрешен од позицијата директор на ЈП „Улици и патишта“, а функцијата в.д. директор на претпријатието од денес ќе ја извршува Ќамил Ковачи, објави Град Скопје.
Ковачи на позицијата доаѓа од местото секретар на Општина Сарај, а има искуство во раководење со јавни претпријатија како долгогодишен директор на Јавното комунално претпријатие „Сарај“.
Тој до пред неколку месеци беше директор на Психијатриската болница во Бардовци, а беше разрешен од функцијата кога во Владата влезе партијата Алијанса за Албанците. Ковачи, кој доаѓа од огнено крило на ДУИ.
Во известувањето на Град Скопје се наведува дека продолжуваат да работат во интерес на граѓаните, навремено, квалитетно и транспарентно.