185
Градот Скопје обвини дека граѓаните на градот Скопје и приватните превозници со години се заложници на политичкиот дилетантизам на ВМРО ДПМНЕ.
„Имено, за вчерашната седница на Советот на град Скопје приватните превозници до претседателот на Советот, Трајко Славевски испратиле барање за зголемување на цената на услугите. Ова барање Славевски одбил да го стави на разгледување пред советниците, што е причина за револтот кај приватните превозници денес.
Скопје е заложник на политичка група, која секојдневно водена од намера да предизвика што поголеми проблеми за скопјани, бидејќи секој успех на Градот тие го сметаат за свој неуспех“ велат од Град Скопје.