271
Од Град Скопје известуваат дека нивните противпожарни единици делуваат со надчовечки напори на терен во Расадник, каде попладнево изби пожар кој е веќе локализиран, ставен под контрола и во најкраток можен рок ќе биде целосно изгаснат.
„Со цел оплеменување на опожарениот простор и заштита на животната средина, апелираме општина Кисела Вода да го прифати предлогот за меѓуопштинска соработка со Град Скопје за изградба на нов мега-парк на таа локација.
На овој начин жителите на општината ќе добијат нов зелен појас наместо запуштен простор, кој во моментов претставува опасност по животот и здравјето на граѓаните“ велат од Град Скопје.