Град Скопје: Оние кои не ги подмириле долговите нема да се соочат со присилна наплата

by Fokus

Сите даночни обврзници кои имаат неподмирени долгови нема да бидат изложени на дополнителни мерки, како ни присилна наплата, информираа од Град Скопје.

Од таму додаваат, дека ова ќе важи се додека на сила се препораките на надлежните за спречување на ширењето на коронавирусот.

Исто така, се посочува дека се доставуваат и решенија за данок на имот до сите физички и правни лица на територијата на град Скопје како и решенија за комунална такса-фирмарина до сите правни лица регистрирани на територијата на град Скопје но и опомени за неплатени решенија за данок на имот и фирмарина за 2019 година на сите обврзници, кои не го подмириле долгот за 2019 година.

Поврзани новости