Град Скопје објавува повик за субвенции за велосипед и електричен тротинет

by Фокус

Сите лица кои си купиле нов велосипед или електричен тротинет во 2020 година ќе може да аплицираат за субвенции од Градот Скопје. Од таму најавија дека јавниот повик ќе биде објавен утре и ќе биде отворен до 30 ноевмри оваа година.

Новитет оваа година е што граѓаните ќе можат да доставуваат фискални сметки за купен велосипед или електричен тротинет од 01.01.2020 година. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, и 30 отсто од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари денари по лице, со вклучен персонален данок на доход“, информираат од Град Скопје.

Од таму велат дека огласот ќе се спроведува по принципот „прв дојден прв услужен“.

Поврзани новости