Советот на Град Скопје со 19 гласови „за“, пет „против“ и четири „воздржани“ денеска усвои амандман поднесен од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за доделување финансиска помош од 15 милиони денари на ФК „Вардар“.
„Од 2021 година клубот го има превземано фирма којашто го однела во втора лига. Таа фирма нема исполнето ниту една од обврските согласно договорот за купо-продажба, односно исплата на обврските од над два милиона евра којашто ги презела за да може да го води ФК „Вардар“. Освен што ќе ги наполниме џебовите на приватна фирма и што ќе ги наполниме џебовите на извршители коишто ја имаат блокирано сметката на фудбалскиот клуб, јас не гледам дека нешто друго ќе реализираме. Што ќе исполниме со ова? Сметам дека прво треба да повикаме една акција на Финансиската полиција, сите надлежни институции, да влезат внатре, да видат на кој начин работи и функционира ФК „Вардар““, се вели во соопштението на Град Скопје.