Град Скопје контра Велковски: Го разрешивме поради спорна тендерска постапка од 136 милиони евра

by Fokus

Од Кабинетот на Град Скопје излегоа со информации дека во петокот тие го разрешиле Ѓоко Велковски од позицијата Секретар на град, што е спротивно на неговите тврдења дека тој си поднел оставка од функцијата поради слабиот потенцијал на актуелната градоначалничка Данела Арсовска.

„Од функцијата Секретар на Град Скопје, во петокот разрешен Ѓоко Велковски, а причина за разрешувањето е неговото влијание во спорна тендерска постапка за изведба на пречистителна станица во вредност од 136 милиони евра, средства кои се обезбедени од ЕБОР и ЕИБ.

Велковски, во петокот е разрешен заедно со в.д директорот на ЈП Водовод и Канализација-Скопје Златко Перински поради обиди за влијание кои се сметаат за тенденција која ги потврдува основаните сомнежи на Град Скопје за самоволие и несоодветно постапување во постапката за избор на изведувач во милионски тендер.

Градот Скопје нема да дозволи расипничко трошење на парите на скопјани, ниту финансирање на лични и теснопартиски интереси. Скопје е град на сите скопјани“ , се наведува во соопштението од Град Скопје.

Поврзани новости