617
Согласно со Програмата за одржување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки, реките Серава, Лепенец, Треска и на отворените канали на подрачјето на Град Скопје за 2017 година, по налог на Градот, екипи на ЈП Улици и патишта Скопје спроведуваат активности за чистење на коритото на реката Вардар.
На потегот од Камениот мост до хотелот „Холидеј Ин“, екипите рачно ја чистат нискостеблестата вегетација од косините и од кејот на реката Вардар, а со багери машински се чисти и коритото од градежен шут и од наносите на надојдените води од обилните врнежи на дожд.
Рачното чистење на вегетацијата, како и машинското чистеше на минор коритото на реката Вардар, во централното градско подрачје ќе продолжи и во текот на наредните денови.