383
Град Скопје информираше дека се откажува од дочекот на Новата 2017 година што требаше да се одржи на плоштадот Македонија.
Средствата коишто беа планирани за организирање на дочекот и се во изност од околу 2 милиона денари ќе бидат донирани во социјални цели. Одлуката каде ќе бидат донирани средствата ќе ја донесе Советот на Град Скопје.
Од Градот Скопје велат дека 10 години наназад трошат минимални средства за организирање на дочекот на Новата година затоа што забавата за граѓаните ја финансирале мобилните оператори во земјава, а годинава спонзор на забавата требало да биде Македонски Телеком.