416
Во изминатите денови извршени се над 20 вонредни инспекциски контроли на градилишта, Б инсталации и инсталации елаборати кои се во надлежност на град Скопје, кај кои во две е утврдено надминување во дозволените емисии и изречена глоба по 12 000 евра кај секој од субјектите, информираат од Град Скопје.
– Контролирани се Топлана Север и топланата на Клинички центар, утврдено е дека работат на гас, не се утврдени надминувања во мерењата на емисии. Се продолжува со мерења од стационарни места оџаци кај правни субјекти кои се во градска надлежност, стои во соопштението од Град Скопје.
Оттаму дополнуваат дека на повеќе локации се поставуваат апарати за мерење на ПМ10 честици за мониторинг од 24 часа, со цел утврдување на изворите на загадување.