Град Скопје: Изведувачите, озвучувањето и осветлувањето не беа ангажирани од Градот

by fokus

Градот Скопје нема никакви финансиски импликации од новогодишната прослава на градскиот плоштад. Изведувачите, озвучувањето и осветлувањето не се ангажирани од Град Скопје.

Ова се вели во реакцијата на Град Скопј по сомнежите од СДСМ дека компанијата на кандидатот за градоначалник за Скопје, Петар Георгиевски Камиказа, КЛС, била ангажирана за озвучување на новогодишната прослава.

-Оваа година токму поради потрошениот буџет од претходното раководство и лошото планирање, Градот Скопје беше ставен пред голем предизвик дали воопшто ќе може да се организира прослава за новогодишната ноќ. Прославата беше овозможена поради активирањето на неколку општествено одговорни компании што се понудија да ја организираат манифестацијата. Средствата за дочекот се директно платени на изведувачите и Градот Скопје нема никакви финансиски импликации од новогодишната прослава на градскиот плоштад.

Изведувачите, озвучувањето и осветлувањето не се ангажирани од Град Скопје, велат од Градот.

 

 

Поврзани новости