708
Акцијата „Генералка викенд 2022“ годинава ќе се одржи на 6, 7 и 8 Мај и се вклучени 26 општини меѓу кои и Град Скопје со штосе опфатени повеќе од 1,2 милион жители.
Иницијативата „Генералка викенд“ прерасна во најголемата национална акција за чистење и селектирање отпад во историјата на земјава, а и на Западен Балкан. Минатата година беа вклучени 10 општини, и во период од три дена беа регистрирани 1000 волонтери и беа собрани 175.000 кг отпад од кој дел беше рециклиран.
Според организаторите Гордана Софија заедно со Ханес Јаецкл продуцентот од Австрија кои се основачи на австриско-македонската компанија Мен енд Маунтен и го создадоа проектот„Зелена сончева“ велат дека ова е единствената акција каде се вклучени сите слоеви на општеството, без разлика на политичка, религиска, родова, возрасна и национална позадина и да ја исчистат нивната непосредна околина, со една цел: собирање на отпадот од минатото и рециклирање во зелена иднина за нас и за идните генерации.
Во прилог линкот од официјалната ФБ група на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2022:
И веб страницата за проектот:
Проектот е поддржан од Пивара Скопје, Пакомак , министерството за животна средина како и министерството за земјоделство.